Во нашата главна фабрика во Иселбург, VKF Рензел користи најсовремена технологија за производство на производи во акрил, ПВЦ, ПЕТ, поликарбонат, полистирен и други видови на пластика за различни употреби. Деловите се ласерско сечени, бланширани, пилени, исечени или удирани и направени во форма со употреба на топлинско или инфрацрвено зрачење. Неколку делови потоа можат да се комбинираат со употреба на разни лепила за да формираат еден или повеќе компонентен производ. Одделите за печатење и монтажа го завршуваат процесот и го подобруваат готовиот производ.
Обработка на Акрил
Користиме широк спектар на техники за производство на нашите акрилни производи со загарантиран највисок квалитет. Акрилот се обликува со ласерско сечење, ЦНЦ, полирање, свиткување, лепење и склопување. Користејќи комбинација на прецизна машина и вешта работна рака, суровините ги претвараме во сложени и трајни производи. Покрај нашите стандардни артикли, исто така нудиме услуга за разработка на индивидуални проекти.
Обработка на ПВЦ
Произведуваме низа производи, вклучувајќи и ПВЦ џебови, дисплеи за на маса и држачи за флаери изработени од ПВЦ плочи со различна дебелина. Машините за прецизно сечење се користат за намалување ПВЦ плочите до точната големина. Материјалите со дебелина до 1 мм се сечат и обликуваат со најсовремена технологија. Опсегот на современи машини ни овозможува да создаваме стандардни артикли, како и артикли по индивидуални проекти.
Високо фрекфентно заварување
Долгогодишното искуство во преработка на фолии по пат на високо фрекфентно заварување не прави нас компетентен партнер за производство на производи од ПВЦ. Најмодерните машини, техничките способности и високо квалификуваниот кадар гарантираат одличен резултат дури и кога се бара изработка на специфичен производ. Сопствените прозводствени капацитети овозножуваат да реагираме брзо на вашите индивидуални барања. Наша специјалност е преработка на ПВЦ Фолија со дебелина од 0,14 – 0,25 мм. Обработка на материјали со дебелина 0,5 мм не претставува никаков проблем за нас. Примарно, работиме со анти-рефлексивни материјали но по желба на клиентот можеме да изработиме различни дебелини на фолии со различна боја и јачина.